Промени тема
Контакт

Новинарот Салиу: Процесот за Груби може да стане медиумско шоу во пресрет на предвремени избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryinhpn35dfff1fwzH2vp

Новинарот Фуркан Салиу, коментирајќи го случајот против Артан Груби, оцени дека поранешниот вицепремиер денес е „проблем на правдата“, но истовремено изрази сомнеж дека и овој процес може да биде претворен во политички и медиумски спектакл.

Според Салиу, недовербата произлегува од состојбата во самиот правосуден систем, кој, како што вели, е еден од најголемите проблеми во државата и една од најголемите болки на граѓаните.

„Денес, ако зборуваме за Артан Груби, тој е проблем на правдата. Но, бидејќи самата правда е еден од најголемите проблеми на оваа држава, слободно можеме да се сомневаме дека и овој процес може да се претвори во медиумско шоу, диригирано од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од подготовките за предвремени избори“, пишува Салиу.

Тој додава дека останува да се види како ќе заврши постапката, но отвора и друго прашање – дали Груби, доколку процесот добие поинаков епилог, ќе има ист јавен простор како други поранешни функционери.

Салиу ги споменува случаите на Гордана Јанкулоска и Митко Чавков и прашува дали Артан Груби би добил простор на националните македонски телевизии да ја презентира својата верзија, да се брани или да се обиде да се оправда пред јавноста.

— реклама —

„И пред сè: може ли еден албански политичар, кој некогаш имал голема моќ во извршната власт, да го има истиот јавен и медиумски третман што може да го има еден македонски политичар?“, прашува Салиу.

Во објавата тој нагласува дека во функционален правосуден систем ваквите дилеми, според него, воопшто не би требало да постојат.

„Да беше правдата во оваа држава навистина правда, темата Артан Груби воопшто не би требало да се дискутира. Институциите би си ја вршеле работата, судот би одлучувал врз основа на доказите, а одговорноста би била индивидуална, без етничка или политичка припадност“, пишува Салиу.

— реклама —

Тој ја поврзува оваа дилема и со други случаи што со години предизвикуваат јавни полемики, меѓу кои трагедијата во Кочани и пожарот во модуларната болница.

Според него, заедничкото прашање што останува по ваквите случаи е дали институциите постапуваат еднакво кон сите.

— реклама —

„Како и за многу други ‘несреќи’ во оваа држава, по кои останаа жртви, уништени семејства и едно прашање што се повторува со години: Дали правдата е иста за сите?“, завршува Салиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

21082024-Mickoski-1

Новинарот Салиу пријави кај Мицкоски дека не е безбеден, премиерот му најави дека ќе го викнат во станица да достави докази

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања