Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Новинарот Салиу пријави кај Мицкоски дека не е безбеден, премиерот му најави дека ќе го викнат во станица да достави докази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
21082024-Mickoski-1

Фејсбук статусот на Петар Богојески во кои Албанците ги нарекува „шиптари“, за премиерот Христијан Мицкоски е непримерен. Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кажа дека граѓаните треба да се чувствуваат безбедно, но новинарот Фуркан Салиу кажа дека неговото чувство не е така, особено откако ги прочитал коментарите под објавата.

— реклама —
— реклама —

„Јас не сум прочитал таков тип на статуси. Но и да има, тоа се статуси кои се непримерни. Јас се чувствувам безбедно, граѓаните се безбедни. Пријавете во институциите“, рече Мицкоски, на што новинарот Фуркан Салиу посочи: „Пријавувам кај премиерот“.

— реклама —
— реклама —

На ова Мицкоски одговори: „Еве јас ќе му пријавам на министерот за внатрешни работи, за да му дадете докази, и ќе го замолам, одговорните лица да ве повикаат на информативен разговор. Врз основа на тие докази, да можат институциите да постапуваат. Заврши време на шерифи, кога белобради момци купуваат трговци, дојде време кога правдата е за сите – и за мене и за вас. И ве охрабрувам секојпат кога ќе се чувствувате небезбеден да пријавувате“, додаде Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarytul06jfsl0ngaozfHTg

Мицкоски и Рама денеска ќе го промовираат системот „One Stop Shop“ на Ќафасан

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryhriocnviq91r78APkQk

Работна средба на Мицкоски со општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров

Скопје | пред 12 часа

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

Филипче: Мицкоски ја плаши јавноста со војна, додека граѓаните едвај ги покриваат основните трошоци

Македонија | пред 18 часа

media-library31rhgr2bpjvi0dVUWKW

Делчево се развива и гради, Мицкоски најави продолжување на владината поддршка

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања