Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Мицкоски ја плаши јавноста со војна, додека граѓаните едвај ги покриваат основните трошоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Македонија
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека премиерот Христијан Мицкоски, по примерот на српскиот претседател Александар Вучиќ, со предупредувања за наводна „Трета светска војна“ се обидува да го одвлече вниманието на јавноста од економските проблеми и падот на животниот стандард.

— реклама —

На денешната прес-конференција Филипче истакна дека граѓаните секојдневно се соочуваат со сè повисоки трошоци, додека синдикалната кошничка достигнала 71.000 денари, а заедно со трошоците за домување на едно семејство му се потребни околу 90.000 денари месечно.

— реклама —

„Околу 26.000 денари е само трошокот за храна и пијалак. Значи, една цела минимална плата оди за храна и пијалак“, рече Филипче.

— реклама —

Тој потсети дека Мицкоски во септември ветувал дека електричната енергија нема да поскапи, но сега се најавува зголемување на цената по Нова година. Според Филипче, поскапувањето од два до три отсто ќе предизвика нов бран зголемувања на цените на производите.

— реклама —

Осврнувајќи се на собраниската расправа за буџетот, лидерот на СДСМ рече дека власта тврди оти нема средства за минимална плата од 600 евра и повисок студентски оброк, но има пари за, како што ги нарече, партиски тендери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library31rhgr2bpjvi0dVUWKW

Делчево се развива и гради, Мицкоски најави продолжување на владината поддршка

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryaminolb5mga0ffPLaUG

Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во меѓународниот дијалог за глобалните предизвици

Македонија | пред 1 ден

media-library7b9vpu7aracq1wPP05W

Мицкоски од Берлин: Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

Македонија | пред 1 ден

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: По речиси две и пол години стигнавме до точка нула, сега очекувам раст

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања