Промени тема
Контакт

Новиот пакет на анти ковид мерки го дели народот и не помага, вели Мицкоски и најави одговорнсот поради големиот број новозаразени од ковид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Mickoski-01.06

„Пред 45 дена не убедуваше по петти пат дека во август или најдоцна на почетокот на септември ќе прогласеле победа над епидемијата (слика 1), а денес имаме нови 588 заболени и 8 починати (слика 2). Трчаа по провизии од сомнителни азиски посредници и наместо да се борат да обезбедат вакцина плус тие нудат мерки како во времето на средината од 20тиот век. Го поделија народот за пусти пари и власт“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Новиот пакет на анти ковид мерки го дели народот и не помага. Прашуваат што треба: треба систем кој подразбира системски чекори. Она што го имаме денес е справување со последиците од немањето систем. За жал тоа и овој пат се плаќа со човечки животи...“, се додава во објавата.

— реклама —

„Одговорност ќе има..., затоа за нешто повеќе од 2 месеци граѓаните одлучуваат дали оваа неспособност, безидејност, криминал, корупција, срам и понижувања ќе продолжат или нови луѓе со нова енергија, знаење и цели ќе ја вратат Македонија на победничките патеки“, вели тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања