Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Новиот парламент на Србија ги потврди мандатите, СНС по 14 години останува без мнозинство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 минути -

Балкан
srbija-parlament

Новите пратеници во Народното собрание на Србија ги потврдија мандатите и положија свечена заклетва, со што беше направен уште еден чекор кон конституирање на новиот парламентарен состав.

— реклама —

Конститутивната седница, која започна во 10 часот, беше прекинувана неколкупати, а последната пауза беше одредена до 13:25 часот. Претседателката на комисијата за верификација, Вјерица Радета, во 11:21 часот соопшти дека мандатите се потврдени, по што пратениците ја положија заклетвата.

— реклама —

На почетокот на седницата, во салата биле присутни 244 од вкупно 250 пратеници. Со седницата претседава најстариот пратеник, Стојан Раденовиќ, кој ќе ја води работата до изборот на нов претседател на Собранието.

На дневен ред се и изборот на потпретседатели, именувањето генерален секретар, како и изборот на членови на собраниските работни тела и постојаните парламентарни делегации.

— реклама —

Новиот состав произлезе од вонредните избори одржани на 25 октомври. „Студентската листа“ освои 140 од вкупно 250 пратенички места, листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ доби 103, а седум места им припаднаа на малцинските листи.

— реклама —

Ова е првпат во последните 14 години Српската напредна партија (СНС) да нема парламентарно мнозинство во Народното собрание.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library17dn5qgsf56h8woiXw5

(Видео) Снимки од местото на несреќата во Србија: Воениот авион гори на отворено поле

Настани | пред 1 час

— реклама —
media-library3t7ljskhrkm41wkRhO3

(Видео) Идните пратеници од студентската листа влегуваат во српскиот парламент, граѓаните ги испратија со аплауз

Настани | пред 2 часа

media-librarydiu1a9nm56on2ybYCLL

(Видео) Актерката и пратеничка Лидија Вукиќевиќ полеана со јогурт пред Собранието на Србија

Настани | пред 2 часа

media-libraryr8fbkgchkm1s0eMwdTu

Се урна воен авион во Србија

Балкан | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања