Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски, Курто Дудуш, Данела Арсовска и уште десетици други не пријавиле имотна состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarybpadjj0k1bf4aJ2k0gC
Скопје1.мк

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски е меѓу вкупно 54 сегашни и поранешни градоначалници кои не ја исполниле законската обврска да поднесат изјава за имотна состојба, утврдила Државната комисија за спречување на корупцијата.

— реклама —

Според наодите на Антикорупциската комисија, 19 новоизбрани градоначалници, меѓу кои и Ѓорѓиевски, не доставиле изјава за имотна состојба и интереси по стапувањето на функцијата. Истовремено, уште 35 поранешни градоначалници, меѓу кои и поранешната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска, не поднеле изјава по престанокот на функцијата.

— реклама —

Од Антикорупциската комисија посочуваат дека неподносувањето изјава по завршување на мандатот е клучно за утврдување дали и во колкава мера функционерите го зголемиле својот имот додека ја извршувале јавната функција. Истата обврска важи и за новоизбраните градоначалници, со цел да се утврди со каква имотна состојба го започнуваат мандатот.

— реклама —

Покрај Орце Ѓорѓиевски, во двете категории се евидентирани и градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов, како и Кутро Дудуш, заедно со уште низа локални функционери.

Согласно член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот да поднесат изјава за имотна состојба и интереси. Дополнително, член 82 став 3 од истиот закон предвидува задолжително поднесување изјава и по престанокот на функцијата градоначалник.

За сите 54 сегашни и поранешни градоначалници кои не ја испочитувале законската обврска, Државната комисија за спречување на корупцијата најави дека ќе иницира соодветни постапки, со издавање прекршочен платен налог, во согласност со законските одредби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

drzavna-izborna-komisija-izbori

Граѓаните ги слушнаа сите ветувања, на полноќ почнува изборниот молк

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryqkmmtv2172946cZk58L

Пропаднаа пет кандидати за градоначалници: ДИК отфрли пријави во Скопје, Бутел, Центар

Скопје | пред 4 месеци

gradonacalnici

СДСМ објави: Игор Христов кандидат за градоначалник на Кочани, Жика Стојановски на Илинден

Македонија | пред 4 месеци

dimitar-apasiev-levica

Професор, адвокат, директор, инженер: кандидатите на Левица за скопските општини

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања