Промени тема
Контакт

Новиот унгарски премиер не попушта: Забраната за украински производи останува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар соопшти дека забраната за увоз на земјоделски производи од Украина, воведена за време на владата на Виктор Орбан, останува во сила.

„Владата ја повлекува намерата на Унгарија да се повлече од Меѓународниот кривичен суд и го забранува увозот на земјоделски производи од Украина“, напиша Маѓар на платформата Икс.

— реклама —

Ограничувањата за увоз на украински земјоделски производи беа воведени од претходната влада поради вонредната состојба што беше прогласена во Унгарија по почетокот на војната во Украина.

На 14 мај Маѓар објави укинување на вонредната состојба во земјата, по што се отвори прашањето дали претходната забрана за увоз од Украина и натаму ќе важи.

— реклама —

Унгарскиот министер за земјоделство и прехранбена економија Саболч Бона изјави дека Министерството подготвува нов закон со кој ќе се обезбеди правна сигурност за заштита на унгарскиот пазар и домашните производители.

— реклама —

Според најавите, новите мерки ќе се однесуваат на месни производи, замрзнат зеленчук и житарки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

(Видео) Инцидент во Унгарија: Маж истури пијалак врз премиерот Петер Маѓар

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o

Унгарија ќе им дава пари на сопствениците на дизел возила секој месец

Свет | пред 1 ден

media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o

Унгарија ќе им исплаќа пари за гориво на сопствениците на дизел-автомобили

Свет | пред 1 ден

media-libraryootjvsnqq64e6HdjGuL

Кредитот од 1 милијарда евра за Македонија под истрага во Унгарија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања