ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Новиот Закон за образование предвидува намалување на бројот на ученици во паралелките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
minister-za-obrazovanie-arbr-ademi_22

„Имаме два целосно нови закони суштински важни за образовниот систем, сега е Собранието на потег.  Во интерес на времето, очекувам час поскоро да почне расправата и по целосно исцрпување на дискусијата, законите да бидат усвоени и да стапат во сила со стартот на новата учебна година“, истакна Адеми.

— реклама —

Како што објасни тој, Законот за основно образование има новини во однос на организирањето на учениците во Заедница на паралелка и Ученички парламент, исхраната на учениците, воведувањето стручни наставници за предметот спорт, елиминација на политичко влијание во училишните одбори, намалување на бројот на ученици во паралелки (од 20 до 30), кариерен развој на наставниците.

Согласно со препораките на ОЕЦД и УНИЦЕФ, ќе нема намалување на бројот на часовите бидејќи  ученици имаат 900 часови помалку или една и пол година помалку образование од нивните врсници во европските земји.

— реклама —

Меѓу најзначајните новини е инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование. Законот предвидува нивно целосно вклучување од учебната 2022-2023 година кога посебните училишта повеќе нема да запишуваат ученици и тие установи ќе прераснат во основни училишта со ресурсни центри кои ќе помагаат за спроведување целосна инклузија во редовните училишта.

Учениците со најтежок вид попреченост ќе може дел од наставата да ја продолжат во посебните училишта со ресурсен центар по нивна или желба на нивните родители, согласно со препораките на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ) на Светската здравствена организација.  Адеми додаде дека треба да му се даде шанса на секое дете и дека согласно со проценката за попреченост според МКФ, за овие деца ќе се подготви индивидуален образовен план според можностите на детето. Во проценката ќе се вклучат претставници од здравство и од МТСП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања