Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, оцени дека новите правила за влез во Шенген зоната не ја подобруваат ситуацијата во ЕУ, туку предизвикуваат сериозни проблеми и штета за бизнисот во нашата земја.
Азески најави дека од понеделник се очекуваат протести и реакции во сите погодени земји. Тој истакна дека странските инвеститори веќе доставиле забелешки до претставништвото на ЕУ, а по ова прашање е испратено писмо до Европската комисија и е најавена посета на премиерот во Брисел.
Иако ЕУ преговара поединечно со секоја земја, што ја отежнува транспарентноста, Комората очекува дека конечната одлука ќе биде повлечена.