Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Новите тензии меѓу САД и Иран повторно ја кренаа цената на нафтата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
873x400-1-16

Нафтените пазари повторно реагираа со раст на цените по најновата размена на напади меѓу САД и Иран, и покрај најавите дека двете земји ќе ги продолжат дипломатските разговори.

— реклама —

Цената на суровата нафта од типот Брент на лондонската берза се зголеми за 0,75 проценти и достигна 72,55 долари за барел. Истовремено, американската лесна нафта поскапе за 1,24 проценти, достигнувајќи 70,10 долари за барел.

— реклама —

Тензиите повторно се разгореа откако Иран нападна контејнерски брод, по што САД извршија воздушни удари. Следуваше нов напад од Техеран врз брод што транспортирал катарска нафта, а Вашингтон одговори со дополнителни воени акции.

Инвеститорите се загрижени дека натамошната ескалација би можела да предизвика нови нарушувања во пловидбата низ Ормускиот Проток, кој претставува една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и природен гас.

— реклама —

Иако по привременото смирување дел од бродскиот сообраќај е обновен, бродските компании и натаму се внимателни, а значителен број пловила сè уште се наоѓаат во Персискиот Залив.

Американски и ирански претставници се очекува повторно да седнат на преговарачка маса во Доха, каде што безбедноста на Ормускиот Проток ќе биде една од клучните теми. Аналитичарите предупредуваат дека сè додека не се постигне траен договор, енергетските пазари ќе останат чувствителни на секоја нова ескалација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 15 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања