Промени тема
Контакт

Новите ветришта на пријателство кое владата ги најавуваше го оддуваа Ковачевски од фотографијата сo Петков, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
18022022_PVRSM_sredba_Petkov

ВМРО-ДПМНЕ е крајно изненадена од молкот на Владата на Република Македонија во врска со потегот на претседателот на Владата на соседна Бугарија, г. Кирил Петков кој фотографијата од трилатералната средба со секретарот за надворешни работи на САД, на која учествуваше и премиерот Димитар Ковачевски, ја прикажа како билатерална, грубо тргнувајќи го ликот на македонскиот премиер од фотографијата, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оглед на карактерот на оваа важна средба за двете држави, како и со оглед на најавите на СДСМ за новите ветришта во односите со соседна Бугарија, ваквиот потег на премиерот Петков во однос на македонскиот премиер, не претставува само акт на понижување на лицето Димитар Ковачевски, што не е наш проблем, туку директно девалвирање на нашата држава за што сме принудени да реагираме.

— реклама —
— реклама —

Развивањето на билатералните односи со сите соседи, како и унапредувањето на стратешкото партнерство со САД, другите сојузници и НАТО во целина за ВМРО-ДПМНЕ претставува врвен приоритет. Оттаму, ваквите потези, како и молкот на Ковачевски во оваа смисла, сметаме дека не придонесуваат на ниту еден начин за рамноправен и искрен напредок во соработката на двете соседни држави.

— реклама —

Новите ветришта на пријателство кое владата ги најавуваше го оддуваа Ковачевски од фотографијата сo Петков“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања