Промени тема
Контакт

Ново мултифункционално игралиште во ООУ “Христо Узунов“ во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Multifunkcionalno_igraliste_28112022005

Ново мултифункционално игралиште за ракомет, фудбал и кошарка доби ООУ “Христо Узунов“. На свечениот настан што денес се организира по тој повод присуствуваше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

— реклама —

– Денес сме собрани тука да го одбележиме пуштањето во употреба на мултифункционалниот терен за ракомет, фудбал и кошарка во рамките на ОУ “Христо Узунов“. Овој племенит инфраструктурен зафат го покажува нашиот однос кон образовните институции и нашата грижа за најмладите. Дозволете ми да изразам искрена благодарност до Државната Видеолотарија – Касинос Аустриа за донираната опрема, со која учениците ќе имаат оптимални услови за спортување на отворен простор. Ние како локална самоуправа, целосно сме посветени да обезбедиме најдобри услови за одвивање на воспитно образовен процес на целата територија на Општина Охрид. Верувам дека овој терен ќе им пружи на учениците и нивните наставници огромно задоволство во играта и совладувањето на спортските вештини, што е многу важен чекор во градењето на нивните карактери. Почитувани присутни, ве уверувам дека како локална власт и во иднина ќе вложуваме во образованието и спортот, зошто сметаме дека тоа се две најважни дејности за правилно подигање на нашите деца, на кои почива иднината на Охрид и Македонија – рече градоначалникот Пецаков .

— реклама —
— реклама —

Мултифункционалното игралиште за ракомет, фудбал и кошарка е инвестиција на Државната Видеолотарија – Касинос Аустриа и е вредно 3 300 000 денари. Истото е дел од проектот „Играј со најдобрите“ и е петто по ред игралиште во државава опремено од оваа компанија.

— реклама —

Пред присутните пригодни обраќања имаа Маркетинг директорот на Државната Видеолотарија – Касинос Аустриа, Вики Чадикоска и директорката на училиштето, Марина Ѓоргоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања