Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ново Село против Топилницата, повикуваат на протест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
IMG_4863

,,Ве повикуваме на протест на ден 4ти Јули 2024 со почеток во 10:00 часот пред зградата на општина Ново Село!

Решивме да ја стопираме изградба на тешка загадувачка индустрија Г1 односно топилница на алуминиум која се гради на 80м од единствената бушотина за снабдување со вода за Ново Село и неправилно издадена градежна дозвола за таа топилница, на земјиште со намена Г2 лесна незагадувачка индустрија, а објектот е во категорија Г1 , во подножјето на село Смолари, зелениот бисер на Беласица!

Барањето за градежна дозвола е поднесено на 04.10.2023, следниот ден е одобрена, а на 06.10.2023 станала правосилна, што имлицира и наведува дека е издадена во криминалната спрега воспоставена од градоначалникот, инвеститорот за топилницата, министерството за животна средина и фирмата на таткото на градоначалникот што “најверојатно” ја гради топилницата, а “најверојатно” е затоа што до денес нема објавено градежна табла, сокривајќи ги сите информации од јавноста.

ЗОШТО?

Зошто на четирите барања уште од Ноември претходната година, од советникот од СТИГА Е, градоначалникот не одговара и не ги дава на увид документите за градежната дозвола на спорниот објект?!

— реклама —

Дали е точна информацијата дека пред да се издаде градежната дозвола, фирмата на таткото на градоначалникот примил позајмица од 640 000 евра од фирмата на инвеститорот?!

Факт е дека согласно правилникот за категоризација на објекти прецизно е наведено дека се што е топилница спаѓа во Г1.3 односно ТЕШКА ИНДУСТРИЈА - Обоена металургија и согласно законот не може да биде изградено на помало растојание од 5 км од населено место или заштитена зона.

Ако се точни шпекулациите во врска со “позајмицата” на фирмата на татко му, тоа можеби изгледа како сосема добра мотивација е за да се "прогледа" поинаку и ТОПИЛНИЦАТА да се именува просто како “хала за алуминиумски одливци... “

Обработката и топењето на отпаден алуминиум е исклучително опасен технолошки процес што вклучува дробење, топење на исклучително висока температура со користење на многу енергија, леење, испарување, брусење…

Процесот не е воопшто наивен, па ајде решија да ни кажуваат приказни за мали деца и да објаснуваат без документи, да кријат се што може да се скрие, да се закануваат, да вршат притисоци и да не обвинуваат дека “измислуваме” кога одиме во надлежните институции во Скопје.

— реклама —

Но никако не одговорија на советничките прашања и веќе повеќе од 7 месеци молчат…

ЗОШТО?!

За шурувањето со Еуромакс Ресурсис и воопшто да не зборуваме, бевте сведоци на она што се случи на вонредната седница каде градоначалникот им предлагаше на Новоселци преку барана донација да коленичат и молат од гробарот Еуромакс пари...

БАРАМЕ:

— реклама —

1. Да се објават сите документи, а особено технолошките

2. Бараме да се поништи градежната дозвола

3. Бараме да се одземаат ингеренциите на општината за издавање градежни дозволи

4. Бараме да влезе државна ревизија и да ја прочешла целата општина и нејзиното работење

5. Бараме градоначалникот да поднесе итна и неотповиклива оставка!

— реклама —

Добредојдени се сите, од сите политички партии но без никакви политички симболи, знамиња, ознаки!

Овде се работи за чиста злоупотреба на службените овластувања, лични интереси, непочитувањето на законите и криминал!!!

Бараме одговорност!!!

Одиме до крај!

ТОПИЛНИЦА НА АЛУМИНИУМ НЕМА ДА ИМА!!!”, пишуваат на Фејсбук прифилот Еко Долина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2dk16qfihkrj4Pl4KUC

„Доста беше од ветувања, молчење, молење и чекање. Бараме одговорност, бараме правда“: Најавени блокада и протест во Скопје против насилството врз жените

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryunl3b12jp8n2cQoBQoe

Денес во 14 часот протестен марш во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 1 месец

media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Во недела протест во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 1 месец

detska-klinika

Шест месеци работа без плата и без продолжен договор, вработените од Детска клиника на протест

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања