Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Жена сведочи за здравствена голгота: Мајка со мозочен удар враќана од оддел на оддел, три дена агонија по клиниките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Коментари
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-06-1290PM

Лидија Спиреска сведочи дека нејзината 75-годишна мајка три дена била шетана низ повеќе оддели без соодветна дијагноза, иако имала симптоми (трнење, слабеење на левата страна), а била враќана дома и одбивана поради упати. По влошување, во „8 Септември“ по чекање и доцнење за снимање, конечно ѝ бил дијагностициран мозочен инфаркт, но им било понудено да ја остават меѓу пациенти со инфекции или да ја носат дома. На крај била префрлена во приватна болница, каде е стабилизирана, а семејството најавува пријави и постапки со документација.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Лидија Спиреска јавно сведочи за, како што вели, три дена институционален хаос и голгота низ здравствениот систем, низ кои поминала нејзината 75-годишна мајка, која на крајот била дијагностицирана со мозочен инфаркт.

Според нејзиното сведоштво, сè започнало на 17 март годинава, кога нејзината мајка, добила покачен крвен притисок. Таа, заедно со ќерките, се упатила кај матичен лекар, каде што, како што наведува Спиреска, била примена од заменски доктор кој ѝ дал дијазепам.

— реклама —

„Вторник 17.03.2026 навидум обичен ден скоро па како и сите останати денови..сосема несвесна дека ми претстои таква ГОЛГОТА!

Подготвувајќи се за секојдневните обврски, кога мојата мајка, која со години се бори со хипертензија, повторно доби висок притисок. Сосема свесна, на нозе, заедно со сестра ми замина кај матичен лекар – да добие терапија и совет.

Но наместо соодветна помош, беше примена од заменски лекар, кој единствено што направил дал дијазепам ампула од 10 mg.

Во меѓувреме пристигна нејзината матична докторка, побаравме упат бидејќи состојбата не беше добра – започнаа да ѝ трнат раката и ногата. Добивме упат за кардиологија.

На кардиологија – ЕКГ, нова терапија за притисок и заклучок: „сè е во ред“. Потоа нè препратија на неврологија.

На неврологија – краток преглед и реченица која ќе ја паметам цел живот:

„Вие госпоѓо не сте за овде. Одете си дома и примајте терапија.“ Со документација, со симптоми, со јасни знаци – нè вратија дома.

Следниот ден – состојбата се влошува. Одиме на Ургентен центар во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Мојата мајка веќе не можеше да оди. Ни дадоа количка – да ја туркаме сами од оддел до оддел.

Кардиологија повторно – „не е за кај нас“.Одете на Ендокринологија..Ветер дува носи ние женава ја шетаме од еден оддел до друг небаре екскурзија тераме!

Ендокринологија – луѓето се чудат зошто сме таму.Очигледно не сме за таму,од незнаење каде следно да не испратат и земаат крв за испитување на хормоните на жена од 75 години божем ќе раѓа..и не препраќаат на Ревматологија!

Ревматологија – исто.Докторката во ШОК! Ама кој ве испратил овде вели и зошто?? Под итно на Неврологија!!!

Повторно неврологија – „немате упат, не сте за тука“.Буквално бевме истерани.

Во меѓувреме, ние гледаме како жената ја губи левата страна од телото – рака, нога, стабилност… живот. Наместо помош – добивавме одбивање.

На крај, пред сите пациенти, доктор ѝ поставува дијагноза – дијабетична невропатија. И така – ја враќаме дома.

Истата вечер – состојбата драматично се влошува. Почнува да паѓа на лево, едвај ја внесуваме во автомобил и ја носиме во болницата „8 Септември“.

Таму – 3 часа чекање за доктор.

Кога конечно се смилува и дојде докторка ја однесоа на снимање на глава.

Но снимањето доцнеше 30 минути, затоа што персоналот бараше мачка низ одделот и низ ходниците снимателот имал уплав од мачки.

Во тие моменти, мојата мајка веќе беше во безсознание.

Дијагнозата конечно беше поставена – МОЗОЧЕН ИНФАРКТ(УДАР).

И тогаш – најстрашното.

Ни беше кажано:

Има едно слободно место, но пациентите се со тешки, резистентни инфекции.

И буквално добивме „избор“:

или да ја оставиме таму – да почине,

или да си ја однесеме дома – да почине.

После три дена агонија, борба и институционален хаос – немавме избор.

Повикавме Брза помош и ја транспортиравме во приватната болница „Аџибадем Систина“.

Денес, благодарение на нивната грижа, професионалност и навремена реакција –мојата мајка е жива. Стабилизирана. И се бори.

Но ова што го поминавме… Ова не е само лична приказна. Ова е пораз на системот. Ова е срам за здравството. Ова е реалност во која човечки живот зависи од случајност.

За сето ова што го изнесувам, поседуваме целосна медицинска документација – упати, извештаи и докази од сите институции низ кои поминавме.

Документацијата веќе е доставена до адвокати, и овој случај ќе биде покренат пред сите надлежни институции – полиција, Обвинителство и сите релевантни органи.

Ова нема да остане вака. Ќе се зборува со име и презиме. И ќе се бара одговорност – без разлика на сè. Ќе ги известам и сите медиуми, за вистината да излезе на виделина и никогаш повеќе никој да не помине низ ова што ние го поминавме“, стои во објавата.

— реклама —
media-librarymfpng5ncg60q1VzCYMw media-libraryqbh1m32pvtj68k1nwqD

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања