Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Ново зголемување на дизелот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
benzinska-benzin-nafta-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на одлуката од 24.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,102%, кај дизелот зголемување во просек за 2,304%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,512% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,049%

— реклама —

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат.

— реклама —

Малопродажнaтa ценa на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

— реклама —

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,292 ден/кг.

Од 26.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95

-

89,00 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98

-

91,50 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)

-

98,50 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)

-

93,00 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС

-

52,978 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,41%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

voda-2

Загубите на вода во Македонија над 63 проценти

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Ново поскапување на горивата: Бензините и дизелот од полноќ поскапи до 2,5 денари

Македонија | пред 5 дена

sajber1

Нови правила за сајбер безбедност во енергетскиот сектор

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања