Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Новогодишен хуманитарен базар во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
266362326_1107143560100904_3018836312068216976_n

Еден убав предновогодишен настан се одвиваше денес во паркот Шопен. Хуманитарен базар во организација на Општина Кисела Вода и повеќе здруженија на деца со посебни потреби, кој освен забавен карактер, имаше и сегмент на социјална инклузија. На настанот, покрај градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

На самиот почеток, се обрати градоначалникот Ѓорѓиевски, кој ги поздрави присутните и го нагласи социјалниот аспект на настанот.

— реклама —

-Големо е моето задоволство што денес сме сите заедно тука, на Новогодишниот хуманитарен базар кој има за цел да донесе празнично расположение, а најмногу од се’ да ги израдува нашите најмлади жители, дечињата од Општина Кисела Вода. И во овој настан, како и во настаните кои Општина Кисела Вода во иднина ќе ги реализира, се потрудивме да вметнеме нота на социјална инклузивност, па организацијата на истиот ја поделивме заедно со Здружението „Куќа на среќата“ и „Здружение на родители на деца заболени од церебрална парализа“- Скопје.

Изработките кои денес се на продажба по симболични цени ги изработија дечињата од градинките во општина Кисела Вода и децата од неколку од здруженијата. Средствата од продажбата, пак, ќе се наменат во хуманитарни цели, за потребите на лицата со попреченост-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, кој потоа, заедно со градоначалничката Арсовска, ги посетија и купуваа од штандовите со изработки.

— реклама —

Настанот продолжи со интересна музичко-сценска програма во која беа вклучени учесници од сите генерации. Свој штанд имаше и Одделението за превенција при СВР Скопје коe на присутните им делеше едукативни летоци за безбедно славење на Новата година без употреба на пиротехнички материјал.

— реклама —

На крајот, За децата со попречености се поделија новогодишни пакетчиња, пактчиња добија и децата на вработените во општината, како и повеќе други дечиња кои беа во паркот и се сликаа со Дедо Мраз. Пакетчињата, преку донации се обезбедени од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања