Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Новото раководство“ на СДС е составено од стари и компромитирани кадри, вели владејачката партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
zernovski

ВМРО-ДПМНЕ денеска остро реагираше „на обидите на СДС да го претстави своето ново партиско раководство како кадровска реформа и нов почеток“, оценувајќи дека таквата слика не одговара на реалноста. Според партијата, самото присуство на Венко Филипче како претседател на СДС и Андреј Жерновски како дел од раководството е доволен доказ дека во партијата нема суштинска промена.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Жерновски, исто како и Филипче, не претставува ново лице на македонската политичка сцена, туку симбол на неуспех, скандали и политики што, според нив, ѝ нанеле штета на државата. Во соопштението се потсетува дека Жерновски во времето на Зоран Заев ја напуштил својата матична партија ЛДП и преминал во СДС, што, според ВМРО-ДПМНЕ, го направил исклучиво заради добивање функција.

— реклама —

Партијата го оценува како неуспешен и скандалозен дипломат неговиот ангажман во Букурешт, каде, како што тврдат, се претставувал како македонски амбасадор без да има добиено акредитации. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ потсетува и на јавните настапи на Жерновски во кои, според нив, ширел паника за наводна небезбедност на новата трибина на скопскиот стадион, што подоцна се покажало како неточно.

Во соопштението се спомнува и неговиот мандат како градоначалник на општина Центар, за кој од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека бил обележан со партизација и превработување на општинската администрација и јавното претпријатие „Паркинзи Центар“, со роднини и блиски лица на активисти и функционери на СДС.

— реклама —

Како особено спорен момент, партијата ги истакнува јавните настапи на Жерновски кои, според нив, биле на штета на македонскиот идентитет и позиции, а во полза на бугарскиот наратив за Македонија. Во таа насока, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека неговото лично потекло не може да биде оправдување за, како што велат, рушење и предавање на македонските национални интереси.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат дека и Филипче и Жерновски се стари и истрошени кадри, длабоко поврзани со СДС уште од периодот на транзицијата, кои, според нив, носат директна одговорност за неуспесите на државата и изборните порази на партијата. Според партијата, таканаречените „нови сили“ во СДС се всушност поранешни функционери кои веќе имале можност да покажат резултати, но ја изневериле довербата на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС, Министерството за здравство знаело но Филипче како министер молчел, ја прекршил и Хипократовата заклетва

Македонија | пред 2 дена

media-librarylrv45hih648s97WYHag

„Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-librarygu3c1mg4ho8cb6Ufwop

„Ребалансот на Буџетот за 2026 е развоен и носи повеќе инвестиции и проекти додека капиталните инвестиции растат за 14,5 проценти“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryu96bdehsife84a2EmxC

Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања