„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нуредини: Со законот не значи дека сите или повеќето градби кои се во заштитените подрачја ќе се легализираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nuredini-1

Уште во 2019г. кога овој закон беше во владин процес, ние како министерство побаравме во однос на легализацијата на дивоградбите во заштитените подрачја и особено целиот регион на Охрид, прво да се добие одобрение од министерството за животна средина пред да се легализира, што не значи дека сите или повеќето градби кои се во заштитените подрачја ќе се легализираат, изјави за министерот за животна средина Насер Нуредини во гостувањето во Утрински брифинг, објави Слободен печат.

— реклама —

-Сега тоа што ние го кажуваме е дека има три различни зони во заштитените подрачја, едната е строго заштитената зона, a втората е активен менаџмент што значи дека ниту една градба нема да биде легализирана во тие две зони. Третата е одржливата зона што значи дека има селани кои се во заштитеното подрачје, луѓето таму живеат, сега молбата од нас секогаш била, секако ако станува збор за фамилија каде примарна резиденција е тој дом а воедно станува збор за дивоградба која не го поминала процесот на градење по план, мора да се биде и полн со разбирање истотака бидејќи ова се економски и социјално предизвикани поединци од нашето општество, меѓутоа кога зборуваме за економски активности и економски градби или секундарни домови или викендици како што би кажале, овие се луксузни домови кои можеби не се изградени согласно законот. Ние не кажавме дека ќе ги легализираме и кога законот се врати во влада дискутиравме и повторно го изразивме мислењето како министерство, дека ако се овие втори, трети домови или како што би кажале викендици, ако тие добијат дозвола за легализација би требало да плаќаат многу повеќе од нормалната цена, меѓутоа оние кои се со социјални и економски потешкотии ја разбираат идеата зад владата и разбирливо е да им дадеме можност да си го легализираат домот. Тоа што јас го научив во последните речиси две години од кога сум тука е дека мнозинството на општините за жал имаат проблем со урбаното планирање, ова е нешто што мора да го погледнеме, вели Нуредини.

Тој нагласува дека ако е заштитено подрачје и е незаконска градба, која била изградена илегално и е илегална и ќе продолжи да биде илегална.

— реклама —

-Има причина зошто имаме заштитни подрачја. Се надеваме дека ќе помине законот за националниот парк Шар Планина и конечно да кажеме ова подрачје треба да биде заштитено и ние ќе мора да ги видиме сите индивидуални случаи и да дознаеме дали се примарни резиденции или секундарни или економски активности. Ако ние сакаме да се движиме напред како држава, ако сакаме да станеме дел од прекрасната ЕУ фамилија, сите ќе треба да почнеме да ги почитуваме правилата и законите на нашата држава и да се придржуваме до нив. Одредени луѓе, одредени индивидуи или економски активности мораат да ги почитуваат и евентуално, можеби некои ќе мораат да бидат уништени, некои градби кои се, ако се во заштитени области, вели Нуредини.

Текстот во целост на:  Слободен печат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања