Празничниов период надминати се многукратно праговите на информирање и алармирање за PM10 во многу општини. Обврска на секоја општина /град Скопје е да ги информира граѓаните преку своите веб страни, социјални мрежи и медиумите за овие надминувања и даде препораки / преземе мерки со цел да се избегнат можните негативни ефекти предизвикани од PM10, велат од О2 иницијатива.
„Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија има обврска да ги информира јавните здравствени центри и здравствените институции, но и да даде препораки заедно со Министерство за здравство за ограничување на движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот. Треба да се одложат сите активности на отворено, доколку не се итни.
Потребно е да се информираат граѓаните за здравствените ефекти од вдишување суспендирани честички кои се јасно документирани и истите се однесуваат на краткорочно (часови, денови) и долгорочно (месеци, години) изложување. Главните здравствени ефекти се:
• респираторни и кардиоваскуларни заболувања, влошување на астма и респираторни симптоми;
• зголемена смртност.
Особено ранливи се чувствителните групи со претходни белодробни и срцеви заболувања, како и повозрасни лица и деца.
Да се очекува зголемен број на посети и приеми во болница поради изложеноста на високи концентрации на PM. Вакво инфомирање изостанува.
Во однос на мерките кои можат да ги преземат при надминување на прагот за алармирање, градоначалникот на општината / градоначалникот на градот Скопје /Владата може да донесат одлука со која на одредено или неодредено време на подрачје на општината / град Скопје / одреден дел од територијата или цела територија на државата се:
1. забранува, ограничува или реорганизира сообраќајот на определени подрачја / места во урбани и/или рурални подрачја;
2. задолжува работодавецот да ги реорганизира работното време, работните смени или работните денови во насока на минимизирање на ризиците кај одредени категории на граѓани, како и на вршители на одделни дејности и/или активности кои придонесуваат во загадувањето на воздухот;
3. намалува капацитетот на производство или се забранува на определено време работата на инсталациите кои придонесуваат во квалитетот на воздухот;
4. забранува /ограчничува организирање на културни, спортски и други манифестации на отворено;
5. врши реорганизирање на работата на инспекциските служби;
6. ограничува/намалува/забранува употребата на возниот парк во јавниот и приватниот сектор;
7. забранува/ограничува употребата на производи за затоплување на домаќинствата, приватниот и јавниот сектор кои придонесуваат за загадување на воздухот и
8. други активности кои ќе се утврди дека се неопходни заради подобрување на квалитетот на воздухот, а кои се предвидени во планските документи.
Повик до сите општини, ИЈЗ, Министерството за здравство, да ја информираат јавноста за надминатите прагови на информирање за PM10, здравствените ефекти и препораките, како и до градоначалниците и Владата, да ги преземат сите можни мерки при надминување на прагот на алармирање и известат граѓаните преку прес конференција, медиумите, веб страните, социјалните мрежи“, додаваат оттаму.
/271589842_4651199611663996_3200995136982275962_n" rel="attachment wp-att-157132">