Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

О2 Иницијатива со трибина на еколошки теми со претседателските кандидати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
siljanovska-pendarovski-reka

Граѓанското здружение О2 Иницијатива, денес организира трибина насловена „Деградација на животната средина – Закана по националната безбедност“, на која ќе учествуваат тројцата кандидати на престојните претседателски избори.

Дискусијата ќе почне од 15:30 часот во Јавна соба.

— реклама —

„Оваа трибина има за цел да го постави прашањето на загадувањето и грижата за животната средина на агендата за следните 5 години, и да ги искористи надлежностите, но и кредибилитетот на претседателот/претседателката во неговото решавање. Тројцата претседателски кандидати ќе имаат можност да ги изложат своите ставови, видувања за одбраната на националните интереси, заштита и унапредување на животот и на здравјето на граѓаните и заштита и унапредување на животната средина, во 21 век, одлуката на претседателот да предложи вонредна состојба при големи природни непогоди, кои се во сè поголеми размери и позачестени како резултат на климатските промени, начинот на учество на дел од Армијата во кризна состојба, како поддршка на полицијата, шумската полиција… Исто така ќе се постави и прашањето на деградација и уништувањето на животната средина и на еколошките потенцијали, природните непогоди, индустриските несреќи од поголем обем, како закани и ризици по националната безбедност“, најавуваат организаторите.

— реклама —

Од О2 Иницијатива информираат дека присутните на трибината ќе можат да им постават конкретни прашања на претседателските кандидати, додека нема да бидат дозволувани прашања надвор од темата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања