Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Обединетите Арапски Емирати наводно барале сојузници за напад врз Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR
unsplash javad-esmaeili

Обединетите Арапски Емирати наводно се обиделе да убедат други земји од Персискиот Залив да се приклучат на координиран напад врз Иран по почетокот на американско-израелската кампања против Техеран, но не успеале во тоа, објави денеска „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Според информациите, претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед, разговарал со лидерите од регионот, меѓу кои и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, залагајќи се за заедничка воена акција против Иран.

— реклама —

Сепак, другите земји од Заливот го одбиле тој предлог.

— реклама —

„Блумберг“ наведува дека ваквите несогласувања можеби ги објаснуваат неодамнешните тензии меѓу ОАЕ и некои заливски држави, вклучително и одлуката на Емиратите минатиот месец да ја напуштат Организацијата на земјите извознички на нафта – ОПЕК.

— реклама —

Во извештајот се наведува и дека Саудиска Арабија во март извела напад врз Иран, но набргу потоа преминала на поддршка на посредничките напори што ги предводи Пакистан.

Катар, според истите извори, разгледувал можен одговор по иранскиот напад врз гасната постројка Рас Лафан, најголемата фабрика за течен природен гас во светот, но подоцна се откажал од одмазда.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп била информирана за настојувањата на ОАЕ да формираат заеднички воен одговор и ја поддржувала можноста Саудиска Арабија и Катар да се приклучат на иницијативата, пишува „Блумберг“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

netanjahu

ОАЕ ја демантираат тајна посета на Нетанјаху

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryvflphciq19f0aoJDdN2

Обвинила жена на Инстаграм дека носи „фејк“ луксузна чанта, па ја привеле на аеродром во ОАЕ

Свет | пред 5 дена

873x400-1-16

Обединетите Арапски Емирати ја напушта ОПЕК, ќе може да произведува нафта до 5 милиони барели дневно

Свет | пред 2 седмици

media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Обединетите Арапски Емирати ја напуштаат Организацијата на земјите извознички на нафта

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања