Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

ОАЕ ја демантираат тајна посета на Нетанјаху

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
netanjahu

Обединетите Арапски Емирати денеска ги отфрлија извештаите дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тајно ја посетил земјата по почетокот на американските и израелските напади врз Иран.

Кабинетот на Нетанјаху вчера соопштил дека израелскиот премиер во тајност ги посетил ОАЕ за време на војната со Иран и дека бил примен од претседателот Мохамед бин Зајед.

Министерството за надворешни работи на ОАЕ денеска ги демантираше овие тврдења и негираше дека било примено какво било воено израелско изасланство.

„Сите тврдења за непријавени посети или необјавени аранжмани се целосно неосновани, освен ако официјално не ги потврдат надлежните власти во ОАЕ“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Министерството додало дека односите со Израел функционираат во рамките на Аврамовите договори и не се засноваат на неформални или „матни“ договори.

— реклама —

Од кабинетот на Нетанјаху, пак, соопштиле дека „оваа посета довела до историски напредок во односите меѓу Израел и ОАЕ“, без дополнителни детали.

Во меѓувреме, Иран остро реагирал на наводната посета.

— реклама —

Иранската државна телевизија IRIB објавила дека министерот за надворешни работи Абас Аракчи го информирал официјален Техеран за посетата „во екот на воениот конфликт“.

Аракчи, кој моментално се наоѓа во Индија, ја оценил политиката на ОАЕ како „глупав ризик“ и изјавил дека соработката меѓу ОАЕ и Израел е „непростлива“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Обединетите Арапски Емирати наводно барале сојузници за напад врз Иран

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvflphciq19f0aoJDdN2

Обвинила жена на Инстаграм дека носи „фејк“ луксузна чанта, па ја привеле на аеродром во ОАЕ

Свет | пред 2 месеци

873x400-1-16

Обединетите Арапски Емирати ја напушта ОПЕК, ќе може да произведува нафта до 5 милиони барели дневно

Свет | пред 2 месеци

media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Обединетите Арапски Емирати ја напуштаат Организацијата на земјите извознички на нафта

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања