Промени тема
Контакт

Обезбедени се 130 милиони евра за финансиска поддршка за граѓаните и компаниите, грижата продолжува, се пофали СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm

„Владата предводена од СДСМ и надлежните институции постојано преземаат мерки за надминување на сите предизвици од енергетската криза и заштита на стандардот на домаќинствата и стопанството. Во наредните три месеци, главен приоритет на Владата ќе биде одговор на енергетската криза, која е резултат на глобалните движења. Веќе тече интензивна владина подготовка на нови сетови антикризни мерки кои ќе дадат силен поттик за компаните и ќе бидат силна поддршка за семејните буџети на граѓаните. Во Буџетот има слободни 130 милиони евра кои во периодот што следи ќе бидат насочени за помош и на граѓаните и на стопанството“, велат од СДСМ.

— реклама —
— реклама —

„Сите досегашни пакети антикризни мерки на Владата во пандемијата кои според ММФ беа одлично димензионирани заштитија повеќе од 60.000 работни места. Грижата за граѓаните и компаниите продолжува и оваа година. Владата дефинира мерки преку кои најефикасно ќе се алоцираат средствата за санација и поддршка онаму каде што е најпотребно. Економијата е стабилна и ликвидна, економскиот раст за оваа година е предвиден на 4,6 отсто, додека капиталните инвестиции ќе бидат за 27 отсто повисоки од претходната година. СДСМ преку Владата што ја предводи продолжува со реализирање мерки и политики за ублажување на последиците од кризата, а кои воедно го забрзуваат економскиот раст и го унапредуваат животниот стандард на граѓаните“, додаваат тие.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања