Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Обезбедени се 50 милиони денари за новите средношколци во дуално образование

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vlada-2024-mickoski

„Како резултат на заложбите на Владата и МОН за унапредување на квалитетот на средното стручно образование, обезбедени се 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември“, велат од Владата.

Во учебната 2025/2026 година учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки и ќе ги исполнат конкурсните услови, 9 месеци ќе добиваат по 3.500 денари.

— реклама —

Реалниот сектор има потреба од стручни, квалификувани лица и за таа цел, како Влада преку овие мерки и чекори ги стимулираме младите своето образование да го продолжат во некоја од дуалните паралелки.

Дополнително, потврда за тоа дека со оваа мерка како Влада ја развиваме соработката со реалниот сектор е вклучување на 550 компании кои директно ќе ја спроведуваат практичната обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки.

— реклама —

Како Влада правиме конкретни чекори за унапредување на образованието и создаваме кадри кои ќе добијат можност, доколку не го продолжат својот образовен процес на повисоко ниво, по завршување на средното училиште да се вработат во некои од компаниите.

Преку ова ја намалуваме невработеноста, но и ги стимулираме младите да ги усовршат практичните вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд.

— реклама —

Образованието е најважниот столб на развојот на Македонија.

Преку квалитетно и реформирано образование, младите ќе останат да ја градат сопствената иднина во Македонија.

— реклама —

Нашата заложба е да обезбедиме иднина за сите и да ја вратиме надежта кај младите.

Државата е на патот на промените!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Извештајот на ЕК за 2026 година тема на денешната дискусија во Владата: Во фокусот напредокот и реформите

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 месец

benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања