Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Обезбедувач на премиерот Мицкоски е уапсен: бил фатен со материјали од МВР кои не законски ги поседувал, го гонат за оддавање тајна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
07012025-Mickoski

Ангел Самараков од Велес, кој е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е уапсен под сомнение дека оддал службена тајна. Тој падна во акцијата спроведена од Обвинителството за гонење на корганизиран криминал и корупција. Обвинителот направил повеќе истражувања, меѓу кои и претреси во неговиот дом и возила. Самараков, според МВР, незаконски поседувал материјали од Минситерството, кои ги оддавал на трети лица.

„При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода“ велат од МВР.

— реклама —

Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.

„Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ“, додаваат од МВР.

— реклама —

Засега останува непознато за какви материјали станува збор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања