„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Обичаи и верувања за Нова година, што носи среќа, а што несреќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
nova-god

Во Новата Година Голем пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот, Никако не се позајмуваат пари на 31ви декември ни 1ви јануари, ова значи 12 месеци материјални проблеми. Никако не треба да се изнесува ништо од дома на 1ви јануари. Ништо значи апсолутно ништо! Ова важи и за ѓубре. Баксузен период ги очекува оние кој во домот по полноќ прва им влезе личност со плава или црвена коса. Првата личност која ќе дојде дома не треба ни да е жена бидејќи многумина веруваат дека тоа носи несреќа. Работа не се склопува на 1ви јануари – тоа значи нема да е успешна. Не треба да се пере долна облека или чинии на 1ви јануари, постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година.

— реклама —

Ова се неколку работи кои се верува дека доколку ги правите на првиот ден од Новата година, носат несреќ. А што носи среќа:

Данците кршат чинии, Јапонците се кикотат, Бразилците носат бело, Шпанците јадат грозје, а Србите прасечко- сето ова во името на благосостојбата во новата година. Обичаите се различни, но низ цела планета луѓето се уверени дека одредени „адети“ носат среќа во идната година.

— реклама —

Германците веруваат дека вревата ги брка злите духови, па така во новогодишната ноќ одат по улица удирајќи во тапани и други инструменти.

Во Данска цела година чуваат чинии за на 31 да ги искршат пред влезната врата на домовите на своите пријатели. Со тоа пријателството е поцврсто па целта е да се искршат што повеќе чинии.

Бразилците на новогодишната ноќ се облекуваат во бело – носело среќа и мир. Во Шпанија е обичај на полноќ да се изедат точно 12 зрна грозје, како во текот на сите 12 месеци во наредната година среќата би им била сојузник.

Голема љубов ги чека оние кои на Нова година ќе се бакнат под имела, веруваат жителите на САД.

А според едно верување распространето во светот на новогодишната ноќ треба да се носат црвени или жолти гаќи – црвени за љубов, жолти за пари.

На Балканот обичаите се некако поврзани со храната. Се верува дека новата година мора да се дочека со полн фрижидер, да има пари во секој паричник во куќата за да се има пари и да се полни цела година. Да се платат сите сметки пред празникот и во нова година да се влезе безгрижно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања