На 01.02.2022 година во 06:20 часот на потегот Маврово-Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ.
Од 7:45 часот се воведува забрана за сообраќај на ТМВ на патниот правец Струга-Ќафасан.
Од 08.30 воведена е забрана за тешки моторни возила и на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража.
Од 10:00 часот на потегот Охрид-Пресека-Кичево и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ.