Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Oбјавен јавен повик за поддршка на проекти во рамки на Декадата и Стратегијата за Ромите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
19102021_MTV_Bocvarski_potpisuvanje-Memorandum-vo-Sofija_4

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за поднесување на барања од страна на локалните самоуправи за користење на средства од Буџетот на Министерството за 2022 година за поддршка на проекти

во рамки на Декадата и Стратегијата за Ромите.

— реклама —

За реализација на проекти од оваа програма, во Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2022 година се предвидени 20 милиони денари. Општините имаат можност да аплицираат за финансирање на проекти во делот на водоводи, канализации, тротоари, потпорни ѕидови и улици со максимален износ до 4 милиони денари по проект.

Распределбата на средствата ќе се врши според:

— реклама —

- Број на жители припадници на Ромската етничка заедница во единиците на локална самоуправа;

— реклама —

- Вид на проект

- Процент на обезбедени сопствени финансиски средства за реализација на проектот во однос на вкупната инвестициона вредност на проектот;

— реклама —

- Опфатеност/покриеност на Ромско население во целното подрачје со резултатите на предлог-проектот.

Крајниот рок за аплицирање е 17.03.2022 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања