Промени тема
Контакт

Објавен огласот за финансиска поддршка за струја за лицата со ниски примања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Финансиска поддршка од 600 до 800 денари месечно за електрична енергија ќе добиваат околу 7.500 семејства со ниски примања

Објавен е јавниот оглас за доделување на финансиска поддршка на лица со ниски примања во 2022 година, за која се обезбедени 60 милиони денари.

Месечната сметка за потрошена електрична енергија се намалува за 600 до 800 денари со оваа поддршка.

— реклама —

На овој јавен повик може се да се пријават сите оние чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа: за самец до 15 194 денари, за домаќинство со два члена до 18 000 денари, за домаќинство со три члена до 21 000 денари, за домаќинство со четири члена до 25 000 денари и за домаќинство со пет или повеќе членови до 30.000 денари.

— реклама —

Оваа финансиска поддршка се доделува на месечно ниво, во времетраење од 12 месеци.

Проценките говорат дека со оваа мерка ќе се опфатат над 7 500 домаќинства, а повикот за пријавување ќе биде отворен 30 дена.

— реклама —

Од СДСМ истакнаа дека Владата жпостојано презема мерки за надминување на предизвиците од енергетската криза, за заштита на стандардот на домаќинствата и поддршка на стопанството. Течат подготовките на нови антикризни мерки кои ќе дадат силен поттик и поддршка на компаниите и граѓаните, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања