Управниот суд ја објави пресудата со која Весна Дамева се враќа на претседателската функција во Судскиот совет. Според Управен: „Оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот најде дека истата е незаконита поради повреда на правилата на постапката, односно од причина што оспорената Одлуката содржи такви суштествени недостатоци што ја спречуваат оцената на законитоста на актот“.
Тие посочуваат дека незаконски се спроведени правилата на постапката.
„Видно од списите на предметот, тужениот орган со оспорената Одлука го разрешува сега тужителот од функцијата претседател на С. с. на Република С.М., со тоа што се определува дека оваа Одлука влегува во сила со денот на
донесувањето на 04.05.2023 година. Во образложение на Одлуката е наведено дека Советот на 441-седница одржана на ден 04.05.2023 година расправал по прашањето за доверба на претседателот на С. с. на Република С.М. и со
мнозинство на гласови на членовите со право на глас изгласал недоверба на сега тужителот, претседател на С. с. на Република С.М., a по изгласаната недоверба, по предлогот за разрешување од функцијата претседател на С. с. на Република С.М. со 9 гласа „за“ и 3 „против“ од присутните членови со право на глас била донесена одлука со која сега тужителот се разрешува од функцијата претседател на С. с. на Република С.М.. Одлуката е донесена врз основа на член 38 од Законот за Судскиот совет на Република С.М. ( Сл.весник на РСМ бр.102/19). Оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот најде дека истата е незаконита поради повреда на правилата на постапката, односно од причина што оспорената Одлуката содржи такви суштествени недостатоци што ја спречуваат оцената на законитоста на актот“, стои во пресудата.
Наоѓаат за недостаток што и образложението е нецелосно.
„Во конкретниот случај, Судот најде дека образложението на оспорената Одлука е нејасно, односно тужениот орган во истата не дал никакви образложени причини поради кои го разрешува од функција сега тужителот, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на онаква Одлука како што е дадена во диспозитивот на истата. Имено, во образложението на оспорената Одлука, тужениот орган само навел дека со мнозинство на гласови на членовите со право на глас била изгласана недоверба на сега тужителот како претседател на С. с., по што и била донесена Одлуката за разрешување со мнозинство гласови од присутните членови со право на глас. Во истото не се наведени ниту причините поради кои барањата, предлозите и тврдењата од сега тужителот не биле земени во предвид, ниту се наведени законски одредби, по кои била спроведена постапката која претходела на донесувањето на оспорената Одлука, со оглед на тоа дека истиот само се повикува на член 38 од Законот за Судскиот совет на Република С.М., со која законска одредба само се регулира работата на седници на Совет., се додава во пресудата.
Пресудата е правосилна од утре.
Повеќе:
Судска игранка: Весна Дамева повторно претседателка во судската игра
Весна Дамева се враќа на чело на Судскиот совет, оти Управен суд ја поништил одлуката за нејзино разрешување, пишува „СДК“ повикувајќи се на изјава од претседателот на судот, Бурим Сејдини. Тројцата судии кои одлучуваше, утврдиле дека нејзиното разрешување е незаконско, по што ја поништиле одлуката донесена од Судски совет.„Скопје1“ се обиде да стапи во контакт со Дамева, но таа не одговара на повиците. Непознато е дали ја добила одлуката и како ќе постапи сега, но и дали има координација со колегите од Судски совет.Правната фела ова го искоментираа ова како „судска игранка“ односно пршеседан кој не е запаметен. Според нив, токму поради ваквите преседани, се доведува во прашање кредибилноста на целиот Судски совет како највисоко тело во правосудната власт, па оттука, тие ќе речат: „Ни во детска градинка толку често децата не си ги менуваат улогите на претседател во нивната игра, како во највисокото судско тело“. Дел од фелата препорачува облигаторен, но комплетен реизбор.Разрешувањето на Дамева беше со жестоки кавги и обвинувања. Точката се разгледуваше јавно, се гласаше јавно, па гласањето се повторило на тајна седница.
Македонија | пред 1 година
Пресудата:
[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/01/618-23.pdf"]