Објавени имињата на пејачите кои ќе се натпреваруваат за Евровизија 2022

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
evrovizija

Денеска, на официјалниот фејсбук-профил на Евровизија Македонија беа објавени шестте селектирани песни што ќе влезат во потесниот круг на натпреварот на Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022, кој ќе се одржи во Торино, Италија.

— реклама —

Сите композиции се современи авторски дела, кои ги исполнија очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и на земјата на најпрестижната европска музичка манифестација Евросонг.

— реклама —

Калина Велковска – Кали ќе се натпреварува со песната Love and Light, чиј текст е на Весна Малинова, а музиката е на Давор Јордановски, кој учествуваше и во аранмжанот заедно со Никола Васков – Нино и Петар Луќиќ.

— реклама —

Јон Ајдини (Yon Idy) ќе се натпреварува со песната Dreams. Текстот и музиката се негови, а аранжманот го направи со Ангел Ќосев.

Лара Иванова ќе се натпреварува со песната Flower of Sorrow, чиј текст е на Робин Зимбаков. Музиката е на Роберт Билбилов, кој учествуваше и во аранжманот со Дарко Димитров.

Виктор Апостоловски ќе настапи со песната Superman. Текстот е негов и на Владимир Дојчиновски, кој беше задолжен за музиката и аранжманот.

Андреа Коевска (Andrea) ќе настапи со песната Circles. Текстот е нејзин и на Александар Масевски, кој се јавува во улога на композитор и аранжер.

Борис Цветановски (Ris Flower) ќе настапи со песната Flying to Berlin, кој се јавува во улога и на текстописец и на композитор. Аранжманот е на Мустафа Џанбазлар

Во согласност со правилникот, за избраните шест композиции МРТ ќе изработи видеа со текст, кои ќе бидат поставени на онлајн-платформа за гласање на јавноста.

Песните ќе бидат јавно презентирани на 28.1.2022 (петок) во емисијата „Стисни плеј“ на МТВ, со почеток од 22 часот, кога и официјално ќе почне онлајн-гласањето. Таа ќе биде отворена 7 дена и ќе заврши на 4.2.2022 година.

Победникот ќе биде избран по пат на онлајн-гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50:50.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања