Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Објавени новите цени на горивата кои важат од полноќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38% во однос на одлуката од 4.3.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,402%, кај дизелот намалување за 1,156%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,607% и кај мазутот зголемувањето е за 1,050%.

— реклама —

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,226%

— реклама —

Од 12.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

— реклама —

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 82,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 84,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,019 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,267 ден/кг и сега ќе изнесува 44,019 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.3.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

voda-2

Загубите на вода во Македонија над 63 проценти

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Ново поскапување на горивата: Бензините и дизелот од полноќ поскапи до 2,5 денари

Македонија | пред 5 дена

sajber1

Нови правила за сајбер безбедност во енергетскиот сектор

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања