„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Објавени уште кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локални, меѓу нив Тони Михајловски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
toni-mihajlovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешната прес-конференција ги објави имињата на дел од кандидатите за градоначалници на локалните избори закажани за 17 октомври.

— реклама —

„Кандидат за градоначалник на Куманово е признатиот актер Тони Михајловски. Кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општината Бутел е Дарко Костовски. Тој е селектор и тренер на македонската таиквондо репрезентација која постигна на Олимписките игри во Токио историски резултат“, кажа Мисајловски.

Д-р Александар Стојкоски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров, а Жарко Ристевски за општина Македонски Брод.

— реклама —

Во општината Свети Николе, Дејан Владев ќе се бори за градоначалничкото место, а Димчо Атанасовски во општината Македонска Каменица.

Елеонора Рашковска е кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово, Зоран Здравевски во општина Чашка.

Киро Нацков во општина Градско, Д-р Маријан Миленковски – општина Пробиштип, Миле Петков – општина Виница, Александар Китански – општина Пехчево, Бошко Цветковски – општина Лозово, Виктор Паунов – Општина Карбинци, Далибор Ангелов – Општина Облешево, Коста Маневски – Општина Зелениково, Никола Најдовски – Општина Демир Хисар, Д-р Мевмед Џафери – Општина Маврово Ростуше, Кирил Пецаков – Општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања