Објавите преку кои се прикажуваат експлицитни кадри од сообраќајната несреќа може да предизвикаат дополнителна болка кај семејството, реагираат ЗНМ и ССНМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
271244582_1635035293514830_8633508865131418330_n

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелираат до медиумите кога известуваат за настани во кои има трагични последици проследени со загубени човечки животи доследно да го почитуваат Кодексот на новинарите на Македонија.

— реклама —

По сообраќајната несреќа што се случи вечерва, во близина на трговскиот центар „Сити мол“ од чии последици според официјални информации животот го загуби едно лице, ЗНМ и СЕММ со загриженост реагираат на ширењето на сензационалистички наслови и информации.

— реклама —

Објавите преку кои се прикажуваат експлицитни кадри од сообраќајната несреќа може да ја вознемират јавноста и да предизвикаат дополнителна душевна болка кон членови на семејството и блиски лица на починатите.

— реклама —

Медиумите имаат обврска да ја информираат јавноста за информации од јавен интерес, но притоа да ја почитуваат приватноста на личноста, како и личната болка и жалост, а во согласност со членот 8 од Кодексот на новинарите според кој „начинот на информирање во случаи на семејни трагедии мора да биде ослободен од сензационализми“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања