Промени тема
Контакт

Облачно и дождливо пред празниците, викендов нагло заладување и силен северен ветер... доаѓа и снег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
vrnezi-dozd-vreme

Временската прогноза за 24 декември носи типично зимско време, со претежно облачно небо низ целата земја и повремени врнежи од дожд и ситна росулка. Врнежите ќе бидат поизразени во западните делови и во југоистокот, особено во утринските часови, додека преку денот ќе преовладува облачност со локални краткотрајни прекини. По котлините се очекува задржување на магла, што дополнително ќе ја намали видливоста.

— реклама —

Температурите ќе останат релативно благи за крајот на декември. Дневните вредности најчесто ќе се движат меѓу 6 и 8 степени, додека утринските минимални ќе бидат во интервал од 0 до 6 степени, зависно од регионот. Во делови од земјата е најавено жолто предупредување за дожд, а за југоистокот и повисоко ниво на предупредување поради врнежите.

— реклама —

Кон крајот на неделата, односно во деновите 27 и 28 декември, од североисток ќе продре многу ладен воздух кој ќе донесе значително заладување. Локално ќе има услови за провејување на слаб снег, а особено значаен ќе биде силниот северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 80 километри на час. Токму поради засилениот ветер се очекува расчистување на воздухот во котлините.

Во Скопје и околината, викендов ќе биде значително постудено, со можност за слабо провејување на снег во одделни делови од котлината. Ќе дува силен северен ветер кој повремено ќе достигнува брзина од 60 до 70 километри на час. Утринските температури за време на викендот ќе се спуштаат меѓу -7 и 0 степени, додека дневните ќе се движат од -3 до 4 степени. Уште постудено утро се очекува во понеделник, 29 декември, кога минималните температури ќе се спуштаат од -10 до -2 степени, а на повисоките населени места и на планините и под -10 степени.

— реклама —

Од АМСМ информираат дека поради магла има намалена видливост до 50 метри на планинскиот премин Стража. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, додека слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира на прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Од -4 утрово до 28 степени преку ден: Голема температурна разлика низ Македонија

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library3ris6de2hrpl08pK26C

Голем пресврт на времето: Арктички студ стигнува на Балканот

Балкан | пред 2 седмици

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 3 седмици

soncevo

До 30 степени, но посвежо – засилен северозападен ветер низ Повардарието

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања