Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Обновен дрворедот на улицата „Орце Николов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Во текот на вчерашниот ден, службите на Општина Центар ги засадија новите садници на местата на старите, шупливи и болни стебла кои се отстранија при реконструкцијата на улицата „Орце Николов“.

Засадени се 15 веќе подраснати стебла јавори, од видот Acer Campestre, од контејнерско производство, високи над 4 метри и со обем на стебло од 22 до 26 сантиметри. На почетокот на јуни Општина Центар ги отстрани старите и болни дрва поради поплаките од жителите од околината, кои бараа да бидат отстранети затоа што при секое поголемо невреме имаше опасност од нивно паѓање и нанесување штета.

— реклама —

Новите дрва во годините што следат повторно ќе го вратат препознатливиот зелен лик на улицата „Орце Николов“.

— реклама —

Со ова, Општина Центар става крај на шпекулациите за наводно проширување на коловозот или на објектите на улицата. Според проектот за реконструкција на „Орце Николов“, зеленилото на улицата е зголемено за 20% од пред реконструкцијата.

— реклама —

Покрај јаворите, во долниот дел ќе се засадат и ниски грмушасти садници, кои освен декоративната улога, ќе го следат движењето на улицата, ќе придонесат кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања