Промени тема
Контакт

„Обновени игралишта во Дебар Маало и Капиштец, побарана засилена контрола од МВР“, вели Герасимовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-library3aj9nub2pca60Atjtrr

Општина Центар соопшти дека ги обнови детските игралишта кај „Зебра“ во Капиштец и кај КАМ маркет во Дебар Маало, каде што дотраените и оштетени реквизити се заменети со нови, со цел да се обезбедат побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација на децата.

Градоначалникот Горан Герасимовски информираше дека по барање на жителите, од Министерството за внатрешни работи било побарано засилено присуство на полицијата на терен, особено во вечерните часови, кога најчесто се регистрираат случаи на вандализам и оштетување на детските игралишта.

— реклама —

„Во општината има околу 50 детски, спортски, маалски и училишни игралишта. Даваме сѐ од себе да ги одржуваме и унапредуваме, но за жал често се соочуваме со нивно оштетување, поради што повторно вложуваме средства за нивно санирање. Апелирам до граѓаните заеднички да водиме грижа за јавното добро и да ги чуваме содржините што се наменети за сите“, порача Герасимовски.

Тој упати апел до граѓаните да покажат поголема грижа за јавниот простор, истакнувајќи дека неговото зачувување е заедничка одговорност.

Герасимовски потсети и дека Општина Центар иницирала измени на повеќе закони со цел поефикасно справување со девијантното однесување кај младите, меѓу кои и воведување општокорисна работа за малолетните вандали и нивните родители.

— реклама —

За 2026 година, Општина Центар има предвидено 12 милиони денари за обнова и реконструкција на детските и спортските игралишта на својата територија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Igraliste

„Детето ми го удрија со топка, а кога прашав зошто малолетникот ме пцуеше и тргна да ме нападне“, сведоштво на мајка за инцидент на игралиште

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања