(ОБНОВЕНО)Дисциплинска мерка - парична казна за административниот службеник кој доставил сомнителни записници за штетите од земјотресот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, на прес конференција ги информираше граѓаните за постапката која што ја покрена за утврдување на одговорност кај државниот службеник задолжен за утврдување и исплата на штетите од земјотресот.

— реклама —

Дисциплинската комисија која што ја формирав на четврти јануари, а поврзана со утврдувањето и исплаќањето на штетите од елементарната непогода поврзана со земјотресот, во предвидениот законски рок од 20 (дваесет) дена изготви извештај во кој ме информираа дека кај административниот службеник постои одговорност за сторен дисциплински престап, истакна в.д. градоначалникот Георгиески.

Надлежната комисија, со тајно гласање утврдила одговорност за сторен дисциплински престап и предвидела изрекување на дисциплинска мерка, парична казна.

— реклама —

Комисијата ценејќи ги сите отежнителни и олеснителни околности, со тајно гласање утврдила сторен дисциплински престап и утврдила изрекување на дисциплинска мерка во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред извршување на дисциплинскиот прекршок, во траење од 6 (шест) месеци, кажа Георгиески, и додаде дека секретарот на општина Охрид веќе донесе решение за изрекување на предложената дисциплинска мерка.

Поради постоењето на основни сомненија за неправилности, в.д. градоначалникот, денес, достави Барање за постапување до Министерството за внатрешни работи, во чиј прилог е и писмото до Јавното обвинителство, што по претходно задолжение го испрати претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска. Со ова, општина Охрид ги искористи сите пропишани правила за постапување во вакви случаеви.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања