Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Обука за наставниците во Аеродром во рамки на проектот „Како до безбедни училишта“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
bezbedni-ucilista-1

Во рамките на проектот „Како до безбедни училишта“ денеска во ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа обука на наставниците и стручните соработници од осумте основни училишта во Општина Аеродром.

— реклама —

„Општина Аеродром се грижи за беспрекорно одвивање на воспитно-образовниот процес, а особено за безбедноста на учениците. Оваа обука на наставниците е токму во таа насока – наставниците да разменат искуства и да се стекнат со ефикасни и применливи стратегии за препознавање и интервенција во насилни ситуации, кои потенцијално би можеле да се јават во училиштата“, изјави

на отворањето на обуката Велимир Делетиќ, помошник-раководител на Секторот за образование, спорт, култура и заштита.

— реклама —

Обуката на наставниците ги опфаќа правните аспекти на насилството во училиштата, педагошките, психолошките аспекти на малтретирањето во училиштен контекст, формите на манифестирање и превенирање на сајбер-насилството, како и последиците од изложеноста на малтретирање и насилство во секој општествен контекст и средина и можности за нивно рано препознавање и

превенција, позитивни европски практики за намалување на насилното однесување, форми на манифестирање и превенирање на насилството.

Свој придонес во обуката дадоа реномираните универзитетски професори Елизабета Томевска-Илиевска (доктор по педагошки науки), Дејан Мицковиќ (доктор по правни науки), Ана Фрицханд (доктор по психолошки науки), Тања Милошевска (доктор од областа на безбедноста) и Анета Баракоска (доктор по педагошки науки).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања