Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Обвинение поради запален автомобил во Сарај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
car-fire

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.1 во врска со чл.288 ст.1 и во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 10 февруари, во раните утрински часови, во состојба на битно намалена пресметливост поради хронична психичка болест, обвинетиот 45-годишник со пожар предизвикал значителна опасност по животот или телото на луѓето. Тој зел пластичен балон-туба и од бензинска пумпа во Ѓорче Петров наточил бензин, па преку мостот се упатил кон Сарај, каде било паркирано патничко моторно возило “Голф 5”, сопственост на еден оштетен. Кога дошол до паркираното возило, го истурил бензинот врз автомобилот и пластичната туба ја ставил под возилото кај совозачката врата. Потоа облекол црни волнени ракавици, ја натопил едната ракавица во бензинот, со запалка ја запалил волнената ракавица и ја фрлил кон бензинот што истекувал. На тој начин тој предизвикал пожар кој се распламтил и го зафатил целото возило. Притоа автомобилот во целост изгорел и со тоа обвинетиот предизвикал поголема имотна штета во вредност од 211.664 денари.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и услови да го повтори кривичното дело. ​​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања