„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Обвинение за избеганиот Исмет Гури од ДУИ - ќе му се суди за даночна измама, злосторничко здружување, перење пари

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-01-06-at-10.41.37

Обвинителката Ивана Трајчева поднесе обвинение против Исмет Гури од ДУИ, за сторено злосторничко здружување, перење пари и даночна измама, дознава „Скопје1“. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури бил вплеткан во шема за правење даночни измами, додека бил вработен во Управата за јавни приходи. Освен тој, се гонат и други 13 физички и три правни лица.

— реклама —

„Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведените истражни дејствија во текот на вчерашниот ден до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против тринаесет физички и три правни лица. Имено, во јули 2023 година беше отворена истражна постапка против петнаесет лица кои сториле кривични дела и тоа: 11 лица сториле кривично дело Злосторничко здружување од чл.394, од нив деветмина се осомничени дека сториле и кривично дело Даночна измама од чл.279-а, додека третоосомничениот освен за овие две кривични дела, заедно со останатите четворица осомничени и осомничените правни лица се товарат дека сториле кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик. Во меѓувреме за две лица постапката е запрена поради нивната недостапност. Со Обвинителниот акт, обвинителот ценејќи дека околностите врз основа на кои им беше определена мерката притвор на три лица не се изменети, поднесе и предлог за нејзино продолжување“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.

Гури е во бегство, а се бара со меѓународна потерница. Тој избега откако Кривичен суд го пушти во домашен притвор поради здравствената состојба, иако обвинителката Трајчева сметаше дека таквата одлука е погрешна и бараше да не се одбие барањето. Потоа, таа се жалеше пред Кривичниот совет, кој ја преиначи одлуката, но Гури беше побрз со бегството.

— реклама —

Таа побара продолжување на притворот за тројцата обвинети, меѓу кои е Гури. Во матната шема тој е обвинет заедно со неговиот син. Парите ги добивале преку генерирање фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи, каде што Гури бил раководно лице во УЈП. Освен основачи на фирми, има и вработени во УЈП и Министерството за финансии. Целата шема била фиктивно да враќаат ДДВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања