Промени тема
Контакт

Обвинение за напад врз новинари кај отпадот во Визбегово – се истражува и причината за пожарот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
vizbegooooo

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие, по член 382 став 3 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 9 јули, во близина на отпад за старо железо на улицата „Индира Ганди“ во скопската населба Визбегово, каде обвинетите со употреба на сила ги попречиле новинар и снимател на телевизијата Алсат М во вршење на нивната професионална задача – известување за пожарот кој избувна на локацијата.

Според обвинението, телевизиската екипа пристигнала на местото со јасно видливи новинарски беџови. Откако новинарот и снимателот започнале да снимаат прилог, обвинетите – кои се претставиле како сопственици на отпадот – им забраниле да снимаат со образложение дека станува збор за приватен имот. И покрај тоа, екипата продолжила со снимање, по што следел физички напад.

Жената прво физички го нападнала снимателот – го удрила со нога и со тупаница, го фатила за врат и ја оштетила телевизиската камера. Новинарот се обидел да го заштити колегата и опремата, започнувајќи снимање со мобилен телефон. Обвинетата потоа и него го удрила со нога, му го одзела телефонот и го фрлила на земја.

— реклама —

Во конфликтот се вклучил и вториот обвинет, кој според обвинението упатил закани и навреди кон новинарот, по што му удрил шлаканица и го истерал од локацијата.

— реклама —

Обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерките: притвор за обвинетиот маж и куќен притвор за обвинетата жена.

Паралелно со ова, продолжува и предистражната постапка за утврдување на причините за пожарот во отпадот, како и евентуалното загадување на животната средина.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител и вчера изврши увид на теренот, кој сè уште е обезбеден. До Обвинителството се доставени и првичните резултати од мерењето на токсични материи во воздухот по пожарот. Мерењата ги изврши специјализираниот тим од Четата за атомско-биолошка и хемиска одбрана на АРМ, по барање на обвинителството.

Резултатите се анализираат, а се преземаат и други истражни дејствија за да се утврди дали има основи за ново кривично дело поврзано со загрозување на животната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrrt0tv5svj655mVuorG

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 4 месеци

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 5 месеци

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања