Промени тема
Контакт

Обвинение за насилство - го следел со возилото, му го попречил патот па го нападнал со дрво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
tepacka-4
Илустрација

Обвинителен предлог против 32-годишен жител на селото Дуф поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар. Лицето се товари за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 23 февруари во Вруток, обвинетиот извршил грубо насилство и телесно повредил едно лице, додека кај останатите присутни граѓани предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Оштетениот од својот автомобил се движел на регионалниот пат кај селото Вруток и во еден момент со рака му дал на обвинетиот право на првенство на минување. Но, обвинетиот продолжил да го следи со своето возило, на излезот од селото му го попречил патот, излегол од автомобилот, извадил дрво од багажникот и со него физички го нападнал оштетениот. Притоа му нанел телесни повреди и му се заканил дека ќе го убие.​​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања