Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Обвинение за шест полицајци и две лица поради злоупотреби со странци: го кршеле законот за да земат 950 евра мито

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
policija-policaec-35-450x270-1

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против шест полициски службеници и уште две лица.

— реклама —

Од доказите произлегло дека првообвинетиот заедно со две лица, за кои постапката е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Со искористување на своето претпоставено влијание врз двајца полицајци, тие влијаеле службените лица да не постапат согласно законот и да му овозможат на турски државјанин, кој незаконски престојувал во земјава, да добие дозвола за привремен престој. За посредувањето била примена награда од 900 евра, а полицајците го прифатиле влијанието и ја злоупотребиле својата службена положба.

— реклама —

Еден од обвинетите полицајци, вработен на граничниот премин Долно Блаце, е обвинет и за „Примање поткуп“. Тој од турски државјанин индиректно побарал и примил 3000 денари за да изврши службено дејствие што не смеело да се изврши. Други тројца полицајци и едно лице посредувале во давањето на поткупот, при што со патната исправа на турскиот државјанин извршиле фиктивен влез во земјата, како предуслов за отпочнување постапка за одобрување престој. На сличен начин било овозможено и друг турски државјанин со незаконски престој да ја напушти Македонија без да биде евидентиран во системот и без да му биде наплатена глоба, со што бил оштетен и Буџетот на државата.

— реклама —

Дополнително, според обвинението, обвинет виш инспектор за странци и реадмисија од јули минатата година до април оваа година незаконски одобрил престој за седум државјани на Бангладеш и Непал, иако имало негативни известувања од АНБ за безбедносен ризик. Тој, спротивно на Законот за странци, носел решенија со кои на сите им бил одобрен привремен престој за работа.

Истражната постапка започна во мај, кога 11 лица беа лишени од слобода, а две беа недостапни на органите на прогонот. Против едно лице подоцна е донесена наредба за запирање на постапката, а за две лица кривичната пријава е отфрлена. Едно од првично недостапните лица е обезбедено и се наоѓа во екстрадиционен притвор во Србија, додека по другото е распишана меѓународна потерница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања