Тројца полицајци повредени во сообраќајка во Скопје
Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 3 септември околу 13 часот, кога службено возило „Шкода“ во сопственост на МВР, управувано од 31-годишниот Н.Ѓ. од Скопје, се судрило со патничко возило „МГ“, управувано од 29-годишниот М.М. од Кичево.Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на службеното возило и неговите сопатници, 35-годишниот Т.Џ.
Скопје | пред 2 седмици