Македонски полициски синдикат најостро ги осуди нападите врз полициски службеници и алармира дека трендот на насилство кон припадниците на полицијата мора итно да запре.
Од синдикатот информираат дека во континуитет работат на документирање и профилирање на сите напади врз полицајци при извршување на службените задачи, со цел да се идентификуваат евентуални системски слабости и да се подобри нивната заштита.
Повод за реакцијата е настанот од 28 март, кога околу 03:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода две лица – 31-годишник од Ресен и 34-годишен турски државјанин, кои пред угостителски објект во Скопје најпрво ги попречиле, а потоа и физички нападнале полицајците, нанесувајќи им тешки телесни повреди.
Синдикатот изразува целосна поддршка за Министерство за внатрешни работи во понатамошната постапка и бара целосно расчистување на случајот.
Оттаму потенцираат дека секој напад врз полициски службеник претставува индиректен напад врз државата и институциите, нагласувајќи дека лицата кои се грижат за безбедноста, редот и мирот не смеат да бидат изложени на вакви ризици.
Синдикатот бара правосудните органи да постапуваат по итна и брза постапка во вакви случаи, како и да се заостри казнената политика, со цел превенција и елиминирање на нападите врз полицајците.
Воедно, најавуваат дека ќе иницираат измени на Кривичниот законик преку Собранието, а во наредниот период ќе продолжат и со организирање панел-дебати посветени на кривично-правната и прекршочната заштита на вработените во безбедносните институции.
„Никогаш нема да дозволиме сторителите на физички и вербален напад врз полициските службеници да поминат без одговорност и соодветна казна“, порачаа од Македонскиот полициски синдикат.
Независниот синдикат на полицијата обвинува: Лица кои нападнаа двајца полицајци пред дискотека се ослободени
Независен синдикат на полицијата остро реагира по синоќешниот инцидент пред дискотеката во Скопје, каде, според нив, двајца полициски службеници од ПС ОН Карпош биле нападнати од алкохолизирани лица и притоа се здобиле со тешки телесни повреди.„Целосно сме запрепастени од одлуката на обвинителството лицата да бидат ослободени и да не бидат изведени пред суд по итна постака, иако првично биле дадени насоки за тоа, за што нашите информации велат дека оваа одлука била променета откако интервенирал
Македонија | пред 2 месеци