„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Обвинение за таткото и двете ќерки: Спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка со закани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarymt0cc7f1q95o2UWpZKA

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица – татко и неговите две ќерки – поради сериозен инцидент што се случил на 2 декември во местото викано „Самоков“, во близина на селото Луке. Тие се товарат дека спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство да постапат по правосилно решение за одземање крупен добиток.

— реклама —

Според обвинението, таткото се заканувал на четири присутни лица, ветувајќи напад врз нивниот живот и тело, со намера да ги заплаши и да го спречи спроведувањето на службеното дејствие. Поради тоа, покрај делото „Спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ од член 382 став 1 од Кривичниот законик, тој е обвинет и за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“ од член 144.

Една од ќерките дополнително се соочува со обвинение за „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ од член 383, затоа што физички повредила полициски службеник кој бил повикан да асистира при одземањето на говедата. Според наодите, таа го влечела и го гребела полицаецот по лицето, нанесувајќи му телесна повреда.

— реклама —

Како резултат на однесувањето на тројцата обвинети, службените лица од АХВ биле спречени да постапат по решението и да го одземат добитокот.

Во фазата на обезбедување докази сите три лица биле лишени од слобода и сместени во притвор. Со поднесувањето на обвинителниот предлог, надлежниот јавен обвинител до Судот доставил барање притворот да биде продолжен за таткото и за едната ќерка, водејќи сметка за околностите што влијаат врз текот на постапката и опасноста од повторување на делото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr262e1eb0mks03t64ae

(Видео) Шамари поради крави во Крива Паланка: Мештани тргнаа да си го решаваат проблемот со добитокот, сопственичката рашамара маж

Македонија | пред 1 месец

media-library5rjtmrhuk3t41S4TH39

Николовски: „Со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка безбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај“

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-31-at-11.55.22

(Видео) Цеца во Крива Паланка собра трипати повеќе публика од било кој нејзин настап годинава

Магазин | пред 3 месеци

ceca-kriva-palanka

(Видео) Над 50.000 посетители на концертот на Цеца во Крива Паланка: настапот прекинат по реакција од публика

Магазин | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања