Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Обвинет во случајот со Груби побара превод на обвинението на албански, судот праша зошто тоа не било побарано порано

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
rocista-1

Пред да се изјасни за вина во предметот за „Државна лотарија“, обвинетиот Башким Авди побара обвинението да му биде прочитано на албански јазик, откако претходно побара и преведувач.

— реклама —

Неговиот адвокат Алиспахиќ пред судот образложи дека станува збор за лично право на обвинетиот, втемелено во законите, со цел целосно да разбере за што се товари пред да се произнесе во однос на кривичното дело.

„Ова е негово лично право втемелено во нашите закони, за да разбере за што се товари, пред да се произнесе по однос на кривичното дело“, рече адвокатот Алиспахиќ.

— реклама —

Судот реагираше на барањето и праша зошто во изминатите две недели одбраната не побарала обвинението да биде преведено на албански јазик.

— реклама —

Алиспахиќ одговори дека претходно не знаел оти неговиот клиент ќе побара обвинението да го слушне на албански.

Според него, не станува збор за тенденциозно барање на одбраната, туку за потребата обвинетиот целосно да разбере што му се става на товар на јазикот што му е мајчин и кој најдобро го разбира.

Барањето беше поднесено непосредно пред фазата во која обвинетите треба да се произнесат дали се чувствуваат виновни за кривичните дела што им се ставаат на товар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysbq097r26t6cfnUuv4x

Сведокот го смени исказот во случајот „Државна лотарија“, Обвинителството проверува дали имало притисоци

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryqmqd5bfhjklodY1KCRo

Груби излегува од куќен притвор, но останува без пасош – судот одби да го врати и со гаранција

Македонија | пред 1 седмица

artan-grubi

На Артан Груби вечерва му истекува куќниот притвор, судот сè уште не одлучил за враќање на пасошот

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysbq097r26t6cfnUuv4x

ВЛТ терминалите останале во магацин, се чекало одобрение од УЈП и Министерството за финансии за нивна употреба, сведочеше директор од Државна лотарија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања