Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Обвинителен акт за тројцата кои извршија полов напад врз дете од гостиварско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

dete-polov-napad

Поднесениот Обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Гостивар опфаќа три лица кои во месеците март и јули во 2018 година извршија обљуба врз дете – жртва, со што сториле кривични дела за кои е запретена затворска казна од најмалку 12 години.

Првообвинетиот се товари за сторено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот во март 2018 година управувајќи возило го сретнал детето и на сила го внел во возилото. Потоа го однел на запуштено место каде извршил обљуба врз детето жртва, на кое по стореното дело му дал паричен надоместок.

— реклама —

Второобвинетиот во јули 2018 година му понудил пари на детето – жртва, по што извршил обљуба во неговата семејна куќа. Во текот на следните месеци второобвинетиот го наведувал и поттикнувал детето да остварува контакти преку социјалните мрежи со цел остварување на сексуални односи со други лица, а за тоа барал детето да наплатува и да го  известува. Поради стореното, второобвинетиот освен за Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, се товари и за сторено кривично дело Посредување во вршење проституција од член 191 став 1 од Кривичниот законик.

Третообвинетиот  кој се гони за продолжено вршење на кривичното дело, извршил обљуба врз детето – жртва повеќепати, искористувајќи ист траен однос и иста прилика. Во Обвинителниот акт ова лице се товари за сторено продолжено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од Член 188 став 1, а во врска со член 45 од кривичниот законик.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со Обвинителниот акт до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања