„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Обвинителите го бранат Абази: Никогаш не ја загрозил самостојноста при работата и одлучувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
islam-abazi-2

Јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги отфрлаат сите информации што кружат во јавноста за наводни притисоци врз нив во врска со предметите по кои постапуваат и јавно ги осудуваат ваквите изјави што задираат во нивниот интегритет.

— реклама —

“Во досегашното работење на сите обвинители во ова обвинителство, без исклучок, во ниту еден момент ниту од Основниот јавен обвинител Ислам Абази, ниту од кој било друг не била загрозена нивната самостојност и одговорност при извршување на нивната функција.

Воедно, би сакале да напоменеме дека принципот на хиерархија и субординација, на кои се темели функционирањето на јавното обвинителство, не задира во независноста при одлучувањето на јавните обвинители кои мериторноста на своите одлуки ја црпат од прибраниот доказен материјал, па така секоја непроверена теза и сензација која ја подрива довербата во обвинителството директно го крши Уставот на РСМ.

— реклама —

Јавноста треба да знае дека согласно Уставот на РСМ и согласно законите никој не може да влијае врз законитото, непристрасното и објективното вршење на функцијата на обвинителството. Од тие причини не смее да се дозволи одлуките на обвинителството да се користат за дневно-политичко поентирање, особено ако се има предвид дека секоја донесена одлука влијае на нечија човечка судбина”, вели ОЈО-ГОКК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

По утринските апсења: Истрага за 15 лица, меѓу нив полицајци, директор, началник

Македонија | пред 3 месеци

vane-cvetanov-24.07-2019

Трошел за хотели, ресторани, патувања, такси, рента кар...Обвинителството поднесе обвинение против Ване Цветанов

Македонија | пред 5 месеци

DSC02123

Седум полицајци осомничени дека помогнале дискотеката „Пулс“ да добие лиценца

Македонија | пред 9 месеци

komisija

ОЈО ГОКК ќе ја испитува секоја индиција во предметот „Бункер“

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања